ПРАВИЛА ЗА НАГРАДНА ИГРА
“СИНАЛКО ПЕС 2021“
Организатор на наградната игра
Член 1
Организатор на наградната игра со назив “СИНАЛКО ПЕС 2021“ е Друштвото за производство, трговија и услуги КОЖУВЧАНКА ДОО увоз извоз Кавадарци, со седиште на ул.Шишка бр.37 Кавадарци, со ЕДБ МК 4011995103008 и ЕМБС 5017556.
Назив на наградната игра
Член 2
Официјалното име на наградната игра гласи “СИНАЛКО ПЕС 2021“.
Цел на наградната игра
Член 3
Целта на оваа наградна игра е рекламирање на безалкохолните газирани пијалоци СИНАЛКО.
Во наградната игра ќе учествуваат следните производи:
- Безалкохолни газирани пијалоци SINALCO COLA,SINALCO ORANGE, SINALCO FRESCO, SINALCO LEMONADE, SINALCO PEAR и SINALCO CASSIS сите во пакување од 2 литри (ПЕТ Амбалажа).
Територија
Член 4
Наградната игра ќе се организира и ќе се спроведува на територијата на Република Северна Македонија.
Право на учество
Член 5
Во наградната игра право на учество имаат сите полнолетни граѓани во Република Северна Македонија, со купување на производите Sinalco Cola, Sinalco Orange, Sinalco Fresco, Sinalco Lemonade, Sinalco Pear и Sinalco Cassis сите во пакување од 2 литри, посебно означени за наградна игра.
Право на учество во наградната игра немаат вработените во ДПТУ КОЖУВЧАНКА ДОО Кавадарци и членовите на потесниот круг на нивните семејства.
Член 6
Времетраење на наградната игра
Наградната игра ќе се спроведува во периодот од 01.06.2021 година до 31.08.2021 година во сите објекти од продажната мрежа во Република Северна Македонија, каде се врши продажба на производите.
Наградната игра започнува на 01.06.2021 година во 00.00.00 часот и ќе трае до 31.08.2021 година до 00.00.00 часот.
Услови за учество во наградната игра
Член 7
Секое полнолетно физичко лице, кое во периодот на времетраењето на наградната игра од 01.06.2021 година до 31.08.2021 година, ќе купи најмалку еден производ од производите наведени во член 3 од овие правила, се стекнува со право на учество во наградната игра.
Не постои никакво ограничување на количината која секој учесник ќе сака да ја купи.
Начин за учество на наградната игра
Член 8
Секое лице кое ги исполнува условите кои се изречно наведени во овие правила, за да учествува во наградната игра, потребно е во периодот додека трае наградната игра да купи најмалку еден од производите Sinalco Cola, Sinalco Orange, Sinalco Fresco, Sinalco Lemonade, Sinalco Pear и Sinalco Cassis сите во пакување од 2 литри и да гo испрати бројот од фискалната сметка и времето на купување (датум, час и минута), на која се наоѓа најмалку еден од производите од член 3 на овие Правила, заедно со име, презиме и телефонски број преку бесплатно аплицирaње на податоците и на фискалната сметка на веб страна www.sinalco.mk, почнувајќи од 01.06.2021 година од 00.00 часот до 31.08.2021 година до 00.00 часот.
Едно лице може да учествува во наградната игра неограничен број пати, но со користење на различни фискални сметки на кои се наоѓа најмалку еден од производите Sinalco Cola, Sinalco Orange, Sinalco Fresco, Sinalco Lemonade, Sinalco Pear и Sinalco Cassis, сите во пакување од 2 литри.
Една фискална сметка може да се искористи само еднаш, без оглед на бројот на производи кои се купени со фискалната сметка.
Секој учесник во наградната игра е должен, оригиналната фискална сметка за купените производи, со која учествува во наградната игра, да ја чува до подигање на наградата, како услов да ја добие истата.
За валидни ќе се сметаат само фискалните сметки кои се издадени во периодот на одржување на наградната игра, сметано од 01.06.2021 година од 00.00 часот до 31.08.2021 година до 00.00 часот.
Механизам на наградната игра
Член 9
Секоја апликација која е извлечена како добитна, без разлика во кое извлекување е извлечена, не учествува во другите наредни извлекувања.
Сите апликации кои не се извлечени како добитни, учествуваат во сите наредни извлекувања.
Испратените апликации од учесниците во наградната игра на веб страната на организаторот, кои содржат неточни, нецелосни или невалидни броеви на фискални сметки и податоци (име, презиме и телефонски број) или фискалните сметки се однесуваат за период различен од тој во член 6 од овие Правила, нема да бидат земени во предвид и нема да учествуваат во извлекувањата.
Организаторот на наградната игра го задржува правото да ги одбие сите апликации кои се направени на нелегален начин, репродуцирани, дуплирани и слично.
Организаторот не е одговорен за евентуални технички прекини и проблеми, поврзани со комуникациите.
Регуларност на извлекување
Член 10
Организаторот на наградната игра ќе формира комисија од три члена, еден член вработен кај организаторот на наградната игра и двајца надворешни членови, кои ќе бидат задолжени да се грижат за регуларноста на текот на наградната игра и за извлекувањето на наградите, која ќе води и ќе состави записник за секој добитник на награда, кој ќе биде потпишан од страна на членовите на комисијата.
Награден фонд на наградната игра
Член 11
Наградниот фонд на наградната игра “СИНАЛКО ПЕС 2021“ изнесува 394.155,oo денари, со вклучен ДДВ.
Организаторот на наградната игра ќе додели вкупно 1660 награди, со поединечна вредност наведена во табелата.
Вид на награда |
Број на награди |
Поединечна вредност на награда |
Вкупна вредност на награди |
|
Play station |
10 |
18.990,oo денари |
189.900,оо денари |
|
PES GAMES (видео-игри за симулација на фудбалски симулации) |
1000 |
61,50 денари |
61.500,oo денари |
|
Пакет Синалко пијалоци |
500 |
100,00 денари |
50.000,oo денари |
|
Sinalco Топки |
50 |
61,50 денари |
3.075,oo денари |
|
Sinalco Дресови |
100 |
896,80 денари |
89.680,оо денари |
|
ВКУПНО |
1660 |
|
394.155,oo денари |
Извлекување на награди
Член 12
Добитниците во наградната игра ќе се извлекуваат по електронски пат преку компјутерска селекција од базата на испратени апликации кои содржат валиден број на фискална сметка и датум и време кое е означено на фискалната сметка, со која се потврдува купувањето на производите Sinalco Cola, Sinalco Orange, Sinalco Fresco, Sinalco Lemonade, Sinalco Pear и Sinalco Cassis, сите во пакување од 2 литри.
Базата на квалификувани учесници ќе биде составена од учесници на наградната игра кои:
- Купиле производи Sinalco Cola, Sinalco Orange, Sinalco Fresco, Sinalco Lemonade, Sinalco Pear и Sinalco Cassis, сите во пакување од 2 литри и
- Испратиле апликација на веб страната на организаторот www.sinalco.mk, со име, презиме, телефонски број, број на фискалната сметка и времето на купување, означено на фискалната сматка и ја аплицирале фискалната сметка.
Динамика на извлекување на награди
Член 13
Наградната игра се состои од вкупно 4 извлекувања.
Во првите три извлекувања ќе се доделат по 501 награда и тоа 303 PES GAMES, 150 пакети Sinalco пијалоци, 15 Топки, 30 Дресови и 3 Sony Play Station, додека во четврттото извлекување ќе се доделат 157 награди и тоа 91 PES GAMES, 50 пакети Sinalco пијалоци, 5 Топки, 10 Дресови и 1 Sony Play Station.
Извлекувањето на наградите ќе се врши според следната предвидена динамика:
На ден 30.06.2021 година, во 14.00 часот, ќе се извлекуваат 303 PES GAMES, 150 пакети Sinalco пијалоци, 15 Топки, 30 Дресови и 3 Sony Play Station, а во ова извлекување учествуваат испратените апликации сметано од 01.06.2021 година од 00.00 часот до 30.06.2021 година, испратени до 12.00 часот.
На ден 30.07.2021 година, во 14.00 часот, ќе се извлекуваат 303 PES GAMES, 150 пакети Sinalco пијалоци, 15 Топки, 30 Дресови и 3 Sony Play Station, а во ова извлекување учествуваат испратените апликации сметано од 01.06.2021 година од 00.00 часот до 30.07.2021 година, испратени до 12.00 часот.
На ден 30.08.2020 година, во 14.00 часот, ќе се извлекуваат 303 PES GAMES, 150 пакети Sinalco пијалоци, 15 Топки, 30 Дресови и 3 Sony Play Station, а во ова извлекување учествуваат испратените апликации сметано од 01.06.2021 година од 00.00 часот до 30.08.2021 година, испратени до 12.00 часот.
На ден 01.09.2021 година, во 14.00 часот, ќе се извлекуваат 91 PES GAMES, 50 пакети Sinalco пијалоци, 5 Топки, 10 Дресови и 1 Sony Play Station, а во ова извлекување учествуваат испратените апликации сметано од 01.06.2021 година од 00.00 часот до 31.08.2021 година, испратени до 00.00 часот.
Сите апликации кои не се извлечени како добитни, учествуваат во сите наредни извлекувања.
Наградите ќе се извлекуваат според следниот редослед PES GAMES, пакети Sinalco пијалоци, Топки, Дресови, Sony Play Station.
Наградата пакети Sinalco пијалоци ќе се доделува по 5 пакети на еден добитник.
Начин на извлекување на добитници
Член 14
Извлекувањето на наградите ќе се врши по компјутерски пат, преку софтвер, користејќи алгоритам за случаен избор. Наградите ќе се извлекуваат автоматизирано со специјално креиран софтвер за оваа намена.
Извлекувањето на наградите ќе се врши во просториите на организаторот на наградната игра, на ул.Шишка бр.37 Кавадарци.
Сите испратени апликации ќе се верификуваат од страна на организаторот на наградната игра. По верификувањето на апликацијата, учесникот на наградната игра ќе добие повратна порака, дали учесникот е квалификуван за награда.
Во случај на погрешно испратена апликација, број, датум и време кое е означено на фискалната сметка кои веќе биле еднаш внесени, испраќачот ќе биде известен преку поп-ап порака на уредот преку кој пристапува кон апликацијата.
Утврдување на добитници
Член 15
По извлекувањето на добитниците, истите ќе бидат контактирани од страна на организаторот на телефонскиот број кој е наведен во испратената апликација, со цел да се изврши проверка на бројот на фискалната сметка, датумот и времето на купување наведен во фискалната сметка и дали добитникот ја чува оригиналната фискална сметка.
Добитникот задолжително мора да ја приложи оригиналната фискална сметка, во спротивно нема да му се додели наградата.
За секоја извлечена апликација, ќе се извлечат по три резервни добитници, во случај некој од добитниците да не приложи фискална сметка во рок од 7 дена од објавувањето на добитниците, со добитникот не може да се стапи во контакт во период од 7 дена од извлекувањето поради недостапност или поради грешно внесен телефонски број, добитникот е малолетен, се откажат од наградата или не одговорат на неа.
Во случај на доделување на наградата на резервните добитници, доделувањето на наградите ќе се изврши редоследно како што се извлечени апликациите.
Доколку првиот извлечен резервен добитник ја приложи оригиналната фискална сметка, во тој случај наградата ќе му се додели на него, а останатите извлечени резервни добитници, односно нивните апликации ќе се вратат назад во системот заради нивно учество во сите наредни извлекувања. Доколку првиот извлечен резервен добитник не ја приложи фискалната сметка, постапката ќе се повтори со вториот, односно третиот извлечен резервен добитник.
Исклучување одговорност на организаторот
Член 16
Доколку извлечениот добитник не ги исполнува условите согласно овие правила, а посебно ако не ја приложи оригиналната фискална сметка, податоците наведени во апликацијата не соодветствуваат со податоците од фискалната сметка, со добитникот не може да се стапи во контакт во период од 7 дена од извлекувањето поради недостапност или поради грешно внесен телефонски број, добитникот е малолетен, добитникот се откажал од наградата или не одговора на неа или од било која друга причинa, за која не е и нема да биде одговорен организаторот на наградната игра, учесникот го губи правото на награда, а организаторот на наградната игра нема да има никаква одговорност спрема таквиот добитник.
Запознавање со наградната игра
Член 17
Правилата на наградната игра ќе се објават на интернет страната www.sinalco.mk, пред започнувањето на наградната игра, а по добивањето на согласност од страна на Министерството за финансии.
Рекламирање на наградната игра
Член 18
За рекламирање на оваа наградна игра и за запознавање на учесниците со наградната игра ќе се користат најразлични рекламни средства, флаери, рекламни спотови на медиуми, социјални мрежи и промоции во маркети.
Објавување на добитници
Член 19
Добитниците од наградната игра “СИНАЛКО ПЕС 2021“ ќе бидат објавени на интернет страната www.sinalco.mk, во рок од 3 дена сметано од денот на секое поединечно извлекување на наградите, односно од денот на определувањето на добитниците.
Подигање на наградите
Член 20
Организаторот телефонски ќе ги извести добитниците за наградите за кои се извлечени.
Организаторот ќе им ги достави наградите на добитниците на домашна адреса во рок од 60 дена од денот на објавувањето на резултатите.
Замена на награди
Член 21
Учесниците во наградната игра немаат право да бараат награди во поголема вредност или од различен вид од назначените во официјалните правила од страна на Организаторот. Замена на наградите со други предметни награди или други противвредности не е дозволена.
Во ниту еден случај нема да биде доделен поголем број на награди од назначениот. Организаторот не подлежи на никаква одговорност за задоцнети или изгубени учества.
Приговори
Член 22
Учесниците во наградната игра имаат право да поднесат приговор во рок од 7 дена од денот на објавувањето на добитниците.
Приговорот се поднесува исклучиво во писмена форма до организаторот на наградната игра.
Организаторот на наградната игра е должен во рок од 7 дена од денот на приемот на приговорот да одговори на истиот.
Прифаќање на правила за наградна игра
Член 23
Со учеството во наградната игра секој учесник ги прифаќа сите права и обврски утврдени во овие правила, запознат е со начинот на учество на наградната игра, механизмот за одвивање на наградната игра и другите правила кои се однесуваат на оваа наградна игра.
Проверка на валидноста на учеството
Член 24
Организаторот го задржува правото на проверка на валидноста на учеството во наградната игра, како и правото за дисквалификација на учесниците коишто не ги почитуваат официјалните правила.
Наградата ќе биде доделена само ако добитникот има право на учество.
Користење на лични податоци
Член 25
Организаторот на наградната игра има право личните податоци на добитниците да ги користи во своите идни маркетиншки цели, по претходно добиена писмена согласност од страна на добитниците за користењето на нивните лични податоци.
Учесникот во наградната игра изречно е согласен дека организаторот на оваа наградна игра, до отповикување од страна на учесникот, може да прибира, води, чува и обработува збирка собрани лични податоци на наградените корисници, за изведување на наградната игра, како и за маркетиншки цели.
Дадената писмена согласност за користење на личните податоци за маркетинг цели, добитникот има право да ја отповика во секој момент, со доставување на барање, врз основа на кои личните податоци ќе се исклучат од понатамошното користење за маркетиншки цели.
Организаторот на наградната игра се обврзува дека нема да ги проследува личните податоци на трети лица, освен доколку е тоа потребно за изведување на наградната игра.
Организаторот на наградната игра се обврзува дека ќе ги обработува и чува податоците во согласност со законодавството со кое е уредена заштитата на личните податоци.
Личните податоци со кои организаторот се стекнал во текот на наградната игра ќе се уништат по исполнувањето на целите за кои се собрани, а најдоцна во рок од 30 дена сметано од денот на преземањето на наградите, а уништувањето на податоците ќе се врши согласно Правилникот за начинот на уништување на документите, како и начинот на уништување, бришење и чистење на медиумите при ДПТУ КОЖУВЧАНКА ДОО Кавадарци.
Одговорност
Член 26
Потенцијалниот учесник во оваа наградна игра разбира и се согласува дека учествува во наградната игра според неговото убедување.
Организаторот на наградната игра не дава гаранција дека учесникот ќе добие награда ако потроши поголема сума на пари. Организаторот не одговара за евентуални штети причинети во текот или во врска со учеството во наградната игра.
Организаторот не одговара во случај кога добиена награда не може да биде дадена или искористена поради невозможност, потенцијалниот добитник или негов претставник да се јави и да ја добие наградата во определените рокови или поради други технички или правни пречки, сврзани со конкретниот добитник или негов претставник и поради околности предизвикани од виша сила, нормативни или законски ограничувања или други околности.
Даночни обврски
Член 27
Даночните обврски за добитниците на наградите ги плаќа организаторот на наградната игра, во име и за сметка на добитникот.
Организаторот е одговорен за сите даноци, надоместоци и одговорности поврзани за наградите.
Евентуални спорови
Член 28
Секое несогласување помеѓу Организаторот и учесниците во наградната игра ќе се решава спогодбено, а во случај на настанат спор за истиот ќе решава месно и стварно надлежниот суд во Кавадарци и во согласност со важечките закони во Република Северна Македонија.
Откажување на наградната игра
Член 29
Организаторот на наградната игра може да го прекине спроведувањето на наградната игра во случај на виша сила или технички дефект и тоа во период потребен за отстранување на последиците од вишата сила, односно техничкиот дефект, по добивање согласност од Министерството за Финансии.
Во случај на прекин на наградната игра, Организаторот на наградната игра ќе ги информира потрошувачите и учесниците во наградната игра за прекинот на наградната игра, за причините поради кои се прекинува наградната игра, како и за датумот на прекин на наградната игра, со објавување во најмалку еден дневен весник кој е достапен на територијата на која се приредува наградната игра.
Важност на правилата на наградната игра
Член 30
Овие официјални правила важат од денот на нивното донесување, а ќе започнат да се применуваат откако Министерството за Финансии ќе издаде Дозвола за приредување на игра на среќа – наградна игра и истите ќе важат се до завршувањето на наградната игра.
Со учеството во наградната игра секој учесник ги прифаќа сите права и обврски утврдени во овие правила.
Организатор на наградната игра
ДПТУ КОЖУВЧАНКА ДОО Кавадарци
Управител Јанинка Чупаркоска